Предвидените средства во Буџетот во висина од 400.000,00 денари наместо за новогодишно украсување ќе бидат пренаменети за  справување со Ковид – 19.

„Општина Кочани  во буџетот за 2020 година имаше предвидено средства за украсување на градот. Со ребалансот на буџетот тие средства ги пренаменивме, што значи дека Општина Кочани нема да вложува во делот на украсувањето на градот за Новогодишните празници. Од вчера, веќе почнаа работите на украсувањето со реквизити кои ги имаме набавено минатите години и истите ќе бидат употребени и оваа година. Ќе се потрудиме градот Кочани во ова сивило со Ковид – 19  да блесне во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници“, рече градоначалникот Илијев.

Сепак не значи ова дека Кочани нема за Новогодишните и Божиќните празници да биде украсено, напротив ќе се украсува со веќе постоечките украси што изминатите години сепак даваа белег на добро украсен град.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари