Се одиграа натпреварите од 14-тото вонредно претпоследно коло во Прва Фудбалска Лига – жени.

Ништо ново кога се натпреварите на девојчињата од Кочани. И денес кочанчанки како домаќини загубија без да постигнат гол. За разлика од нив полетните гости од велес си ја поправија гол разликата.

Минатогодишниот шампион „Каменица Саса“ со три нови освоени бода се враќа од Речица а додека дерби натпреварот на колото што се одигра во Струга им припадна на домаќинките.

„Тиверија“, „Скопје“ и „СЦ Истатов“ без проблеми ги совладаа своите противници, а додека Битолски „Атлетико“ со полн плен си замина од Радовиш.

Резултати од 14-тото коло:

„Кочани“ – „Борец“  0:8

„Речица“ – „Каменица Саса“  0:3

„Тиверија“ – „Љуботен“  9:0

„Скопје“ – „Шкендија“  6:0

„Ас Јунајтед“ – Деспина Прикеп“  1:0

„Плачковица“ – „Атлетико“  1:2

„СЦ Истатов“ – „Шкупи“  9:0

Во последното есенско коло „Кочани“ гостува во Битола каде домаќин ќе и биде екипата на „Атлетико“.

С. Ивановски

126160589_1079558399162597_8809419394665569467_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари