Во рамките на Повикот за проектни предлози од Еразмус + програмата за 2020 година, Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ од Кочани аплицираше два проектни предлози кои, по позитивната евалуација, беа одобрени за финансирање од страна на Националната Агенција на Република Полска.

Првиот Еразмус + проект со наслов „Учење и предавање на математика и природни науки преку ИКТ“ беше разработен и аплициран во соработка со  Апликант партнерот од Република Полска. Основна идеја на овој проект е примена на нови иновативни  методи во процесот на учење и настава по  предметите математика и природни науки за ученици во средните училишта. Негова основна цел е да се подобрат вештините и компетенциите на учениците за примена на веб алатки во образовниот процес по наставните предмети математика и природни науки. Останати проектни партнери се средни училишта од Турција, Италија и Шпанија.  Во согласност со одобрениот Апликационен формулар, во реализацијата на проектните активности ќе бидат вклучени 8 наставници и 20 ученици од кочанското  средно училиште.

Вториот Еразмус + проект со наслов „Јас сум Х.Е.Р.О.Ј.“  (здрав- образован – одговорен – со отворен ум) е аплициран во соработка со проектниот партнер  од Република Полска. Основна идеја на проектот е промоција на здрава исхрана и здрав живот, а негови главни цели се: мотивирање на учениците да применуваат здрава исхрана и  здрав начин на живот, учење странски јазици и зголемување на дигиталните компетенции  кои одговараат на предизвиците на современиот свет

Покрај кочанското  училиште и Апликант партнерот од Република Полска останати проектни партнери се средни училишта од Република Романија и Република Грција. Во реализацијата на проектните активности е предвидено учество на 6 наставници и 15 ученици од гимназијата. Реализацијата на проектите започнува со изборот на ученици кои ќе учествуваат во проектните активности. За оваа намена, за учениците кои пројавија интерес за учество во проектите, беше одржана онлајн презентација на која беа презентирани основните цели и планираните активности во проектите. Воедно на учениците им беа презентирани правилата за учество, како и потребните изработки од нивна страна (Мотивационо писмо и кратка презентација односно предлог за Лого на проектот), кои тие мора да ги достават до проектните тимови од училиштето, а врз основа на кои ќе се изврши селекцијата.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари