Уште на првиот меѓународен натпревар „Сергеј Михајлов“ во Штип учениците од ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани го покажаа сиот својот талент и знаење и стигнаа до високи награди.

Миа Михаилова ја освои првата награда (96 бода) а Викторија Петрова втората (89 бода) и двете ученички по пијано во класа на наст. Елизабета Ѓеорѓиева.

Макарија Иванова со 100 освоени поени ја освои првата награда, а првонаграден со освоени 99 бодови е и Никола Илиев и двајцата ученици по пијано во класа на наст. Марија Лазарова.

Ненад Малинов и Филип Крстов со по 95 бодови ги освоија првите награди, и двајцата се ученици по гитара во класа на наст. Зоран Христов.

Сите овие награди што учениците од ова музичко училиште ги освојуваат во континуитет се плод на една сериозна работа од целиот наставен кадар во училиштето но и на доста сериозниот пристап на учениците и секако со огромна помош на родителите.

С. Ивановски

62

64

6365

6667

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари