Во последните 24 часа се направени 3081 тестирања, а регистрирани се 1198 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 572, Куманово 41, Дебар 1, Штип 49, Прилеп 53, Тетово 28, Струга 34, Велес 42, Битола 92, Охрид 42, Кавадарци 18, Гостивар 11, Гевгелија 3, Струмица 34, Крива Паланка 11, Радовиш 6, Крушево 6, Кочани 14, Пробиштип 5, Демир Хисар 3, Македонски Брод 3, Пехчево 7, Берово 19, Валандово 9, Виница 11, Делчево 11, Кратово 5, Свети Николе 20, Кичево 33, Ресен 4, Неготино 11.

Починати се 26 лица, осум пациенти од Скопје (72, 67, 88, 61, 87, 83, 59 и 67г), еден од Куманово (80г), еден од Штип (67г), двајца пациенти од Прилеп (73 и 60г), двајца од Тетово (71 и 56г), двајца од Струга (68 и 37г), двајца од Велес (76 и 55г), четири пациенти од Битола (35, 73, 55 и 82г), тројца од Охрид (46, 67 и 35г) и еден пациент од Гостивар (53г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 621 оздравени пациенти од: Скопје 150,  Куманов 41, Дебар 4, Штип 36, Прилеп 42, Тетово 69, Струга 12, Велес 52, Битола 37, Охрид 11, Кавадарци 21, Гостивар 22, Гевгелија 11, Струмица 36, Крива Паланка 4, Радовиш 5, Кочани 12, Пробиштип 8, Македонски Брод 2, Пехчево 1, Берово 4, Валандово 1, Делчево 6, Кратово 4, Свети Николе 3, Кичево 16, Ресен 3, Неготино 8.

Досега во земјата се направени вкупно 303.281 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 51213, бројката на оздравени пациенти е 30204, на починати е 1423, а бројот на активни случаи изнесува 19586.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари