Со песни и ора вечерва на „Летната сцена“ во Кочани, во склоп на 24-тите „Денови на Кочанскиот ориз 2015“ членовите на КУД „Мирче Ацев“ од Скопје одржаа концерт на задоволство на многубројната публика.

Со изведба на песни и ора од македонскиот фолклор гостите од Скопје повеќе од час и половина ја забавуваа публиката.

За кочанчани мошне забележителен беше и настапот на членовите од Фолклорниот Ансамбл „Мугри“ од Кочани.

Во увертира на концертот, Претседателот на Советот на Општина Кочани Јордан Димитров свечено ја прогласи манифестацијата за отворена.

С. Ивановски

DSCN4766

DSCN4786

DSCN4810

DSCN4827

DSCN4860

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари