Во последните 24 часа се направени 2864 тестирања, а регистрирани се 1160 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 472, Куманово 58, Дебар 2, Штип 43, Прилеп 78, Тетово 61, Струга 29, Велес 32, Битола 87, Охрид 47, Кавадарци 32, Гостивар 22, Гевгелија 1, Струмица 39, Крива Паланка 6, Радовиш 2, Крушево 2, Кочани 15, Пробиштип 10, Демир Хисар 10, Македонски Брод 10, Пехчево 1, Берово 9, Валандово 5, Виница 2, Делчево 12, Кратово 2, Свети Николе 17, Кичево 26, Ресен 17, Неготино 11.

Починати се 30 лица, девет пациенти од Скопје (46, 54, 59, 67, 82, 67, 55, 64 и 61г), двајца од Куманово (62 и 69г), еден пациент од Штип (72г), еден од Велес (78г), шест пациенти од Битола (60, 77, 38, 66, 72 и 39г), тројца од Гостивар (56, 66 и 63г), еден пациент од Гевгелија (65г), еден од Струмица (77г), еден од Кочани (65г), двајца од Делчево (66 и 68г), еден од Кратово (65г), еден од Кичево (61г) и еден пациент од Неготино (84г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1094 оздравени пациенти од: Скопје 560, Куманово 55, Дебар 5, Штип 32, Прилеп 59, Тетово 51, Струга 22, Велес 35, Битола 47, Охрид 38, Кавадарци 31, Гостивар 26, Гевгелија 5, Струмица 17, Крива Паланка 11, Радовиш 13, Крушево 3, Кочани 18, Пробиштип 1, Македонски Брод 1, Берово 3, Валандово 3, Виница 6, Делчево 5, Кратово 1, Свети Николе 8,  Кичево 16, Ресен 4, Неготино 18.

Досега во земјата се направени вкупно 322.875 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 58608, бројката на оздравени пациенти е 36064, на починати е 1630, а бројот на активни случаи изнесува 20914.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари