Како Проект од годинешната програма на НУЦК „Бели Мугри“ од Кочани, вечерва во салон „Фоаје 2“ беше отворена изложба инсталација насловена „Од другата страна на огледалото“ од авторите Катерина Соколова и Орхан Ќамил и двајцата од Кочани.

102

За изложбата „Од другата страна на огледалото“ која претставува мултимедијален проект кој се состои од објекти, слики и огледала свое обраќање имаше м-р Александра Димитрова – стручен соработник за визуелни уметности.

Идејата на овој концепт е да се презентира комплексноста на уметничкиот акт како клучен момент при реализирање на крајниот продукт. Секој творечки процес има свој тек, кој не познава граници и како таков не треба да се оспорува . „Огледалото е одраз на уметничкиот крик.

103

Уметникот безмалку секогаш е изложен на искушението дали да остане свој или за одреден надомест, позиција на општествената, уметничката скала, да влезе во играта да биде пренесувач на одредена порака. Уметникот во потрага на сопствениот израз се наоѓа пред разно разни предизвици со кои треба да се избори, за да го достигне својот душевен пиедестал. Тука потиснатите пориви имаат реални димензии. Од другата страна на огледалото, постоиме во вистинска смисла на зборот, каде ние го диктираме дејствието. Оваа психолошка нирвана е огледало на самодовербата, борбата до последен атом за обновување на душевната ренесанса. При креирање на овој проект, допринесува и „публиката“ која е присутна во вид на дводимензионални силуети. Доказ дека ниту една општествена состојба не може да го оспори постоењето и остварувањето на уметникот. Во длабочината на огледалото се соочуваме со реалните проблеми, со ликот кој го губи идентитетот. Тоа е вечната борба и нешто што во суштина го следи уметникот, кој во основа се занимава со убавината. Се занимава со длабоките значења. Се занимава со некои подлабоки духовни нешта. Уметникот кој и да е, каков и да е, со што и да се занимава тој е единствениот којшто може да го прави балансот во нашето живеење. Да биде противтежата. Да ги направи и да ги балансира работите барем во одреден момент. Се до оној момент додека цврсто стоиме на своите нозе и сакаме да ја пренесеме својата лична творечка порака, сме блиску до себе и до сопствената суштина како човек и пред сé како уметник.

Изложбата како дел од Проектот кој е финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија ќе трае до следниот Петок.

С. Ивановски

104

105

106

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари