НГ „Сејмени“ остануваат верни на „Осогово“. Иако минатиотото коло „жетварите“ загубија на домашен терен сепак беа подржани за играта од трибините. „Сејмени“ минатата недела направија една прекрасна несекојдневна кореографија, со своите песни и начин на навивање ја носеа својата екипа и на крајот иако бодовите заминаа за Делчево сепак „Сејмени“ се совесни дека екипата одигра добро, но и дека ја напушти спортската среќа.

Од тие причини тие за локалното дерби против „Слога 1934“ од Виница подготвуваат нешто ново, нешто интересно. Под слоганот „Кочани ќе гори“ тие закажуваат собир во „Паркот на Револуцијата“ во 14:00 часот, од каде организирано ќе појдат на трибините.

„Сејмени“ ќе бидат повторно со својот клуб, на потег се сега играчите на „Осогово“.

С. Ивановски

1

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари