ПРВА  МАКЕДОНСКА  ФУДБАЛСКА  ЛИГА

„БРЕГАЛНИЦА“ – „МЛАДОСТ“  2:3 (1:2)

Кочани. Стадион: „Никола Мантов“. Гледачи – 500. Главен судија: Влахо Костадин. Помошници: Игор Ширилов и Саше Тошевски. Четврти судија: Дарко Стојчевски (сите од Скопје). Делегат: Горан Михајловски (Скопје). Стрелци: Коцев 36’ Нацев 65’ (Брегалница), Марковски 11’78’ Н.Вељаноски 44’ (Младост). Жолти картони: Митрев, Никовски (Брегалница), Ристевски, Ѓорески, Далчески, Марковски (Младост).

„БРЕГАЛНИЦА“ –Захов, Христов, Митрев, Здравков, Нацев, Тонев, Велковски, Коцев, Станковиќ, Стојанов (Никовски 49’), Мишев (Михаилов 58’).

„МЛАДОСТ“ – Петровски, Н.Вељановски, Ѓорески (Елмазовски 73’), Ристевски, Далчески, Каланоски, Коњарски, Цветаноски (Грозданоски 89’), Т.Вељаноски, Марковски, Шерифи (Димоски 46’).

РЕВИЈА  НА  ГОЛОВИ  И  ПРОПУШТЕНИ  ШАНСИ

И во вториот натпревар како домаќини екипата на „Брегалница“ остана со празни раце. Овој пат е поразена од одличната екипа на „Младост“ со резултат 2:3 (1:2). Петстотината гледачи видоа пет погодоци и неколку зицери за постигнување на гол.

По мирниот почеток во 11’ Цветаноски го проигра Марковски, кој на работ од шеснаесетникот се ослободи од своите чувари и рутинирано ја затресе мрежата на немоќниот Захов. Седум минути подоцна „штипските сини“ можеа да го израмнат резултатот но ударот на Христов гостинскиот голман го одбрани. Во 21’ и 26’ „Младост“ можеше да ја дуплира предноста, но најпрвин ударот на Далчески од преку 20 метри заврши во десниот дирек а потоа Каланоски непречен од никого биеше со глава од десетина метри покрај десниот дирек. Во 33’ „домаќините“ можеа да го израмнат резултатот но ударот на Митрев од само шест метри Петровски со чудесна интервенција ја исфрли топката во корнер. Сепак три минути подоцна ерупција на воодушевување. Коцев си направи убав простор за удар, биеше од косо од шеснаесетина метри ниско по земја во долниот лев агол на немоќниот Петровски. Во 41“ нов зицер за „Брегалница“, Велковски биеше, Петровски ја одби топката, на неа натрча Нацев и со лизгачки старт биеше од пет метри но топката заврши покрај голот. Казната стигна на минута пред крајот на полувремето кога Н.Вељаноски се проби по десната страна остро нафрли а Захов со лоша интервенција ја испрати топката во сопствената мрежа.

Второто полувреме започна со шансата на Каланоски чиј удар заврши во противничката мрежа. До 65’ во главно се играше на средината на теренот а гостите со превиткувања по теренот ја рушеа играта на штипјани. Сепак во 65’ ново влезениот Михаилов одлично нафрли од десната страна а Нацев од само неколку метри биеше во празната мрежа. „Брегалница“ по израмнувањето го засили темпото но одличната одбрана на „Младост“ успеваше да излезе на крај со овие напади. Во 78’ потесната домашна одбрана киксираше, подарокот го прифати Марковски кој го префрли истрчаниот Захов и по трет пат ја доведе својата екипа во водство. По овој погодок „домаќините“ како да се предадоа, а гостите можеа преку Марковски во 86’ и 90’ да постигнат уште еден гол, но најпрвин неговиот удар го одбрани Захов а потоа биеше покрај голот.

Се на се заслужена победа на гостите од Царев Двор, но ако беше резултатот нерешен немаше да биде незаслужено.

Судијата Влахо Костадин со своите помошници мошне добро ја делеше фудбалската правда во што му помагаа и играчите од двете екипи кои играа фер и коректно.

С. Ивановски

P3850123

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари