Почитувани корисници,

КЈП „Водовод“ – Кочани ви дава можност за брзо и лесно плаќање на сметките како и внесување на состојбите од водомерите.

За таа цел Комуналното јавно претпријатие на својата официјална веб-страница воведе услуга „Брзо плаќање“, на која граѓаните по електронски пат, на брз и едноставен начин можат да ги платат своите фактури за комунални услуги.

Втората услуга што ја воведе КЈП „Водовод“ е самостојно внесување на состојбата на броилото, при што корисниците имаат можност да ја внесат состојбата на броилото и да внесат слика од него. Внесувањето на состојбата на броилото може да се направи во период од 15 до 25 во тековниот месец.

КЈП „Водовод“ – Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари