ТРЕТА  ФУДБАЛСКА  ЛИГА  –  ИСТОК

„ОСОГОВО“ – „СЛОГА 1934“  1:1 (1:0)

Кочани. Стадион: „Никола Мантов“. Гледачи – 400. Главен судија: Димитар Пилешков. Помошници: Ристо Ѓорѓиев и Кристијан Џонов (сите од Штип). Делегат: Данчо Тодоров (Свети Николе). Контрола: Мијалчо Михаилов (Скопје). Стрелци: Аксентиев 35’ (Осогово), Ампов 57’ (Слога 1934). Жолти картони: Данилов, Максимов (Осогово), Т.Ѓорѓиев, Апостолов (Слога 1934).

„ОСОГОВО“ – Лазаров, Цветанов, Арсов, Стојков (Бојажиев 72’), Јаневски, Аксентиев, Паунов (Дарко Анастасовски 79), Ѓеоргиев (Данилов 46’), Јорданов, Натков, Максимов.

„СЛОГА 1934“ – Стојанов, Гаврилов, Апостолов, Митев, Љ.Коцевски, Велковски (Ампов 46’), Б.Коцев, Спасов, Илиевски (Љ.Ѓорѓиев 46’), Д.Коцевски, Т.Ѓорѓиев (Петков 74’).

НЕРЕШЕНО  НАЈПРАВЕДНО

Комшиското дерби кое започна со една минута молчење во знак на почит кон Кирило Алексиев – Лотар долгогодишен Претседател на „Осогово“ и спортски работник, ги оправда очекувањата, се играше борбено со шанси за постигнување на гол, погодоци, но фер и коректно.

Првата прилика за гол ја имаа домаќините но ударот на Паунов од косо одличниот Стојанов го одбрани. Во 20’ Аксентиев беше проигран во празно но Стојанов будно ја следеше акцијата, истрча вон казнетиот простор и за дел од секундата беше побрз и ја исфрли во аут. Гостите првиот удар го упатија во 31’ по кој Лазаров кратко ја одби топката а Јорданов пред Љ.Коцевски ја исфрли далеку вон шеснаесетникот.

1:0 – 35’. Капитенот на гостите на триесетина метри го фаулираше Ѓеоргиев. Аксентиев од слободен удар биеше силно топката од левиот дирек го погоди во тилот голманот Стојанов се одби до десниот дирек од каде заврши во мрежата.

Вториот дел започна со зицерот на Паунов во 49’, кој иако беше сам биеше но Стојанов со прекрасна парада ја исфрли топката во корнер. Казната стигна по само осум минути.

1:1 – 57“. Љ.Ѓорѓиев убаво влета по десната страна и упати удар од косо, Лазаров ја одби топката но таа дојде до осамениот Ампов кој ја упати во празната мрежа.

Се играше 65’ кога индиспонираниот Натков излезе сам пред Стојанов, од десетина метри биеше силно но високо над голот. Ова промашување гостите можеа да го казнат во 84’ кога ударот на А.Коцевски заврши во пречката на немоќниот Лазаров.

Во 85’ благодарение на присебноста на повеќе играчи од двете екипи беше избегнат инцидент. Коцев ја исфрли топката во аут за да му се укаже лекарска помош на еден негов соиграч. Домаќините ја уфрлија топката во игра која дојде до Натков, кој не го почитуваше фер-плејот, појде кон гостинскиот гол а Апостолов мошне грубо го фаулираше. Играчите се стрчаа едни кон други но проработи разумот и страстите веднаш се смирија. А Дарко Анастасовски по изведениот слободен удар ја исфрли топката во гол-аут за што доби аплауз на отворена сцена.

И тоа беше се што се случуваше на ова комшиско дерби кое судијата Димитар Пилешков со своите помошници мошне добро го водеше.

Посебен тон на овој натпревар даде и НГ „Сејмени“ кои не само за време на натпреварот, туку и по неговото завршување не престанаа да ги бодрат домашните играчи.

С. Ивановски

P3850269

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари