Вечерва во салон „Фоаје 2“ во НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани со примена на сите мерки за заштита беше отворена изложбата „Круг“ чиј автор е Иван Шапков од Кочани.
Изложени се девет тела и објекти поставени во форма на круг по што и самата изложба го добила името.
„Изложбата ,,Круг “ престставува проект кој се состои од објекти кои заземаат простор и навлегуваат во скулптуралниот израз и излегувањето на рамките на сликата, влегувајќи во тродимензионалноста на физичкиот простор“ истакна м-р Александра Димитрова, стручен соработник за визуелни уметности во „Бели Мугри“ – Кочани.
Инаку ова е втора самостојна изложба на авторот Иван Шапков а истата е како дел од Годишната програма на НУ ЦК „Бели Мугри“ од Кочани и е финансирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.