Самоволието на одредени поединци продолжува.

Колку и да се сакан некој да едуцира со објави и со соопштенија одредени поединци во градот дефинитивно нема да успее бидејќи толку му е менталниот склоп.

Пред малку еден наш сограѓанин ни испрати фотографии од уште една глупост на поединец или на група кои и да сакат да се снајдат да живеат во градска средина нема да можат бидејќи толкави им се можностите на размислување.

Во контејнерите кои ги користат сите од околните куќи заедно со станарите од блокот „А“ и сопствениците на дуќаните на улицата „Димитар Влахов“ лоцирани на тротоарот пред „Тутунска Банка“ фрлена е метална канта за смет која доколку не била забележана навреме при товарањето можела и те како да го оштети внатрешниот дел на возилото за смет.

Неколку пати досега апелиравме ваквите „неранимајковци“ доколку некој ги забележи да ги фотографира и да ни достави фотографија за да можат некои што гледаат а се прават дека не видат да почнат да реагираат.

Не е само да се каже дека се живее во градска средина, туку треба да се грижи да не ја уништува средината.

С. Ивановски

7576

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари