Во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ со почитување на сите мерки и протоколи за заштита од Ковид – 19 денес беа врачени наградите за најдобрите ликовни творби од ликовниот конкурс „Книга наместо технологија“ кој по повод на „Месецот на книгата“ го организираше Библиотека „Искра“.

Годинешниот ликовен конкурс се реализира преку социјалната мрежа „Фејсбук“ каде преку опцијата „Стори“ учесниците ги спроведоа своите ликовни творби при тоа користејќи модерна технологија.

71

Конкурсот на наше задоволство е успешен. Пристигнаа голем број на ликовни творби и во секој од нив може да се види инспирацијата од книгата, односно претставени се омилени ликови, омилено дело, пејсаж, сцена или едноставно книгата како објект. Посебна благодарност до сите учесници и нивните педагози кои придонесоа до успешна реализција на овој проект, истакна Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, билиотекар во „Искра“.

На годинешниот конкурс учествуваа осум ученика од основните и средни училишта во општината кои беа поделени во три категории.

Во Првата категорија од VI-VII одделение првото место е за Давид Крстов VII одделение ОУ „Никола Карев“, второто за Мелани Ангелова VII одделение ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и третото за Ведран Солевски VII одделение ОУ „Св. Кирил и Методиј“.

72

Во втората категорија од VIII-IX одделение првото место за Илија Сандев VIII одделение, второто за Ана Серафимова IX одделение и третото за Александра Чолева VIII сите ученици во ОУ „Св. Кирил и Методиј“.

Во третата категорија – ученици средношколци првото место Ангела Мирова, и второ место за Оливер Стефанов и двајцата ученици во СОУ „Љупчо Сантов“.

Целта на годинешниот конкурс беше да во време на пандемија кога повеќето времето го поминуваат во домашни услови да се поттикне читањето на книги со што ќе се замени користењето на апаратите на модерната технологија.

С. Ивановски

74

75

77

76

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари