Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.П. (22) и Г.П. (44), двајцата од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25/26.10.2020 на ул.„Стамен Манов“ пријавените, за време на прогласена пандемија со ковид–19, најпрво на терасата во својот дом, а потоа и на јавен простор пред куќата организирале прослава, каде биле присутни поголем број лица.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.П.  (56) од с.Спанчево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 26.11.2020 во с.Спанчево, пријавениот физички нападнал малолетник.

На 10.12.2020 во 22.00 часот во Полициската станица Кочани, Д.С.(45) од Кочани пријавила дека на ул.,,9 Мај“ во Кочани била касната од куче скитник.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР и СВР – Штип

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари