Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи беше поставена фотографија од патниот правец Кочани-Пониква за да во потписот на фотографијата стои дека во последно време ваквите појави се постојана слика.

Домашни животни без стопан се пуштени слободно да се шетаат на самиот пат што внесува немир и страв кај возачите.

Како што ни објасни авторот на фотографијата во текот на вчерашниот ден освен животните кои слободно се шетале на патот дополнителен проблем на возачите била и маглата која речиси ја имало на поголем дел од патниот правец, па морало да се возе со голема концентрација бидејќи не се знаело што ќе се појави после секој свиок.

Во време кога Општина Кочани сака да го развива туризмот, ваквите појави ги оддалечуваат туристите  бидејќи тие не се чувствуваат сигурни додека се искачуваат или симнуваат од „Пониква“.

Дали ќе се превеземе нешто за да во иднина вакво нешто не се повторува одговорот ќе треба да го дадат од општинската администрација.

С. Ивановски

58

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари