Општина  Кочани распиша

О Б Ј А В А

за доделување награда за  најуспешен земјоделец  на Општина  Кочани

 

Наградата најуспешен земјоделец е востановена во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“

Наградата  може да ја добие евидентиран земјоделски  производител кој има  остварено  натпросечни  приноси  на  одредена земјоделска  култура.

Право да  предлагаат кандидати за  награда  за  најуспешен  земјоделец  на Општина Кочани имаат:

– земјоделци од  Општина  Кочани (може и самопредлагање);

– урбаните и месните заедници;

– надлежните  органи од областа на земјоделието ПЕ за земјоделие – Кочани;

– Агенцијата за поттикнување на развојот  на  земјоделството – Кочани;

– научни установи од  областа на земјоделството;

– Асоцијација  на земјоделците на општина  Кочани;

– трговски друштва  чија  дејност  е од областа  на земјоделството;

– членови  на Советот на Општина  Кочани.

Наградата е парична

Предлозите треба да бидат образложени и  доставени во писмена  форма до Општина Кочани  на адреса: ул.„Раде  Кратовче“ бр.1   или во на Едношалтерската канцеларија  Општина  Кочани. Објавата  трае  заклучно до  28 септември 2015 година.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари