Четвртото коло од натпреварите во Третата Фудбалска Лига – Исток донесе ново разочарување за љубителите на фудбалот во Кочани. „Осогово“ по трет пат беше домаќин и конечно успеа да постигне гол и да освои бод со кој се закова во зоната за испаѓање. Виничани многу посериозно му пријдоа на комшиското дерби од „ѕвездите“ на „Осогово“, играа со срце за боите на клубот и кога губеа, но и кога го израмнија резултатот и ако имаа малку поголема среќа во финишот од натпреварот за Виница можеа да заминат со целиот плен.

„Плачковица“ и по ова коло остана лидер на табелата со максимален број на освоени бодови и без примен гол и по 360 минути. „Академија Пандев“ и „Беласица“ по меѓусебниот нерешена резултат, веднаш се „дигнаа“ и заедно со „Овче Поле“ со новите три бода останаа да им дишат во врат на радовишани. „Баби“ и „Работник“ продолжија да играат променливо, а „Напредок Здравје“ и „Каменица Саса“ по новите порази останаа на само бод пред „Карбинци“.

Резултати од 4-тото коло:

„Осогово“ – „Слога 1934“  1:1

„Брегалница Голак“ – „Академија Пандев“  0:2

„Работник“ – „Каменица Саса“  2:1

„Напредок Здравје“ – „Беласица“  1:3

„Овче Поле“ – „Баби“  2:0

„Карбинци“ – „Плачковица“  0:3

По четирите одиграни кола води екипата на „Плачковица“ (16:0) со 12 бода пред „Академија Пандев“ (13:0) со 10, „Брегалница Голак“ (6:3) и „Овче Поле“ (5:3) по 9. Следуваат „Беласица“ (6:3) и „Работник“ (4:4) по 7, „Слога 1934“ (8:5), „Осогово“ (6:6) и „Баби“ (2:7) по 4, „Каменица Саса“ (2:12) и „Напредок Здравје“ (3:14) по 1 и „Карбинци“ (3:17) 0 бодови.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари