ОДРЖАНА ЕДНОДНЕВНА ИНФОРМАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ИПАРД 3 ПРОГРАМАТА

март 29, 2022
1 минути

Во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа еднодневна информативна работилница за ИПАРД 3 програмата за рурален развој на која беа презентирани мерките за финансирање на проекти од ИПАРД програмата.

На работилницата беше презентирана третата ИПАРД програмa преку која може да се финансираат инвестиции на земјоделските стопанства за подобрување на материјални средства во инвестиции во објекти и опрема, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските производи со нивното прилагодување и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија инвестиции во објекти и опрема и диверзификација и развој на рурални економски актиности каде спаѓа и руралниот туризам.