Достоинствено, онака како што прилега на чесни и воспитани граѓани денес на улицата „Тодосија Паунов“ пред „Атомските згради“ се одржа мирен протест против континуираното загадување на воздухот што се исфрла преку црниот чад од оџакот на фабриката „Пејпер Мил“.

DSCN9748DSCN9755DSCN9766

Кочанчани побараа од надлежните во општината како и од државните институции конечно да се спротивстават на игрите што веќе повеќе од година и половина ги креира менаџерскиот тим на „Пејпер Мил“.

Побараа од вработените во фабриката да ги напуштат своите работни места и да им се придружат, бидејќи како што рекоа загадениот воздух е зло и за нив а и за нивните семејства.

Порачаа дека ова е последно мирно предупредување до сопствениците на компанијата „Пејпер Мил“, и дека доколку се продолжи со валканата игра и доколку оџакот продолжи да испушта отровни материи, во иднина тие ќе ги радикализираат протестите.

DSCN9776

На крајот на присутните им се обрати единаесетгодишната Елена Сандева која најпрвин на Македонски а потоа и на Англиски јазик кажа дека денес сите овде се собрани со единствена цел „Да се врати чистиот воздух во Кочани“.

Потоа присутните на собирот мирно се спуштија до главната порта на компанијата за да пред безбедносните камери го кажаа она за што се дојдени, за да на крај со возила се упатат и на паркиралиштето пред Локалната самоуправа со што сакаа да им скрекаат внимание на одговорните во општината дека е време и тие да реагираат, бидејќи и тие се дел од ова секојдневно зло што им се нанесува на жителите на Кочани и околните села.

С.Ивановски

DSCN9757

DSCN9741

DSCN9738

DSCN9809

DSCN9815

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари