Улицата „Јанка Стоименова“ во населбата Оризари е прва од десетината што се асфалтираат со пари  коишто Општина Кочани ги доби со заемот од Светска банка.

Коловозот на „Јанка Стоименова“ е со должина од 300, а широчина од 5 метри. Пред асфалтирањето на улицата беше извршено дополнително пробивање и рамнење на теренот, тампонирање на подлогата и поставување на бетонските рабници.  Навремено е решен доводот и одводот на отпадните води за куќите што гравитираат кон оваа улица,  коешто според одговорните во Локалната самоуправа ќе биде реализирано и на другите сообраќајници.

„Се асфалтира и улицата „15 Македонски корпус“, која е со должина од 450 метри и широчина од 6 метри на коловозната површина.  Со ова исполнуваме едно долгогодишно барање на граѓаните кои живеат во овој дел од населбата Усова Чешма, соопшти Драги Илијевски, раководител на Одделението за управување со градежно земјиште во Општина Кочани“.

„За улиците  влезени во проектот на Светска банка е предвидено и фекална канализација и водовод и приклучоци за останатите неизградени плацеви и атмосферска канализација. Тоа е според принципите и нормативите на Светска банка“, рече Петар Апостолов, секретар на Општина Кочани.

Според Апостолов, половината од улиците се започнати со изведување.  На  „Ѓорче Петров“ и „Пиринска“ се работат потпорните ѕидови и канализацијата. На улицата „Февруарски поход“, се  поставува атмосферската и фекалната канализација.

Изведувач на градежните работи е компанијата „Еуроинг“ од Гевгелија. За реализација на проектот Општина Кочани обезбеди  заем од 1 милион евра што ќе треба да се враќа во наредните 10 години. Со парите треба да се изградат и асфалтираат улици во вкупн должина од околу 4 километри.

4

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари