Се одиграа натпреварите од второто коло во Северо – источниот фудбалски регион во кое екипата на „Фудбал Старс“ му гостуваше на „Маџари Солидарност“ од каде се врати со една победа и еден пораз. Помладите пионери се закитија со три бода, а пионерите останаа со празни раце.

Резултати од второто коло во категоријата „Пионери“:

Маџари С. – Фудбал Старс  5:1

Њу Старс – Премиер  3:0

Башкими 1947 – Куманово ЕВ  2:2

Ринија – Гоблен Ј.  3:1

По двете одиграни кола во водство е екипата на „Ринија“ со 6 бода, пред „Куманово ЕВ“ со 4, „Маџари С., „Љу Старс“ и „Гоблен Ј.“ со 3, „Башкими 1947“ со 2, „Фудбал Старс“ 1 и „Премиер“ 0 бодови.

Резултати од второто коло во категоријата „Помлади пионери“

„Маџари С.„ – „Фудбал Старс“  1:3

„Њу Старс“ – „Премиер“  14:0

„Башкими 1947“ – „Куманово ЕВ“  3:2

„Ринија“ – „Гоблен Ј.“  4:0

На табелата во водство се „Њу Старс“ и „Фудбал Старс“ со по 6 бода, пред „Куманово ЕВ“, „Ринија“, „Маџари С.“ и „Башкими 1947“ со по 3, „Гоблен Ј.“ и „Премиер“ 0 бодови.

Утре (Среда) на фудбалскиот терен во Чешиново, „Фудбал Старс“ во 1/8 финалето од Фудбалскиот Куп на Македонија во пионерска конкуренција ја пречекува екипата на „Металург“ од Скопје. За во 14:00 часот е закажан натпреварот на „Пионери“ а во 16:00 часот на „Помлади пионери“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари