На 24 Септември во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани, концерт ќе одржи квартетот флејти „Аулос“.

Публиката ќе може да проследи популарни дела од Моцарт, Чајковски, Бизе…

Камерниот состав „Аулос“ е присутен на музичката сцена седум години, а во него настапуваат Марија Јакимовска, Ангелина Катмерова Алексова, Тамара Џајковска и Богдана Бушевска. Тие се магистрирани музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професорите Страшо Темков (флејта) и Гордана Јосифова Неделковска (камерна музика).

Како млад и специфичен состав, четири флејти „Аулос“ е извонредна програмска новина на музичката сцена во Македонија. За „Аулос“ се пишувани и посветувани дела од македонски автори, како што е Кокан Димушевски.

Концертот во Кочани е во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“. Почетокот е во 20 ч.

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари