Во последните 24 часа се направени 378 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 22, Куманово 2, Прилеп 1, Тетово 1, Струга 7, Охрид 3, Кавадарци 4, Гостивар 3, Македонски Брод 1, Ресен 1, Неготино 1.

Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје (53, 71, 72, 74 и 69г.), еден од Прилеп (72г.), еден од Тетово (53г.), еден од Кавадарци (52г.), два пациенти од Гостивар (70 и 65г.), еден пациент од Струмица (72г.) и еден пациент од Делчево (78г.).Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 526 оздравени пациенти од: Скопје 295, Куманово 13, Штип 7, Прилеп 39, Тетово 12, Струга 3, Велес 4, Битола 9, Охрид 33, Кавадарци 41, Гостивар 9, Гевгелија 4, Струмица 16, Крива Паланка 3, Кочани 2, Пробиштип 2. Македонски Брод 2, Валандово 6, Кратово 1, Свети Николе 2, Кичево 4, Ресен 2, Неготино 17.

Досега во земјата се направени вкупно 402.822 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83789, бројката на оздравени пациенти е 62469, на починати е 2522, а бројот на активни случаи изнесува 18798.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари