Во последните 24 часа се направени 2431 тестирања, а регистрирани се 580 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 254, Куманово 32, Дебар 10, Штип 12, Прилеп 30, Тетово 21, Струга 7, Велес 28, Битола 23, Охрид 23, Кавадарци 30, Гостивар 18, Гевгелија 15, Струмица 17, Крива Паланка 7, Радовиш 1, Кочани 6, Пробиштип 3, Македонски Брод 2, Пехчево 1, Берово 9, Валандово 3, Виница 1, Свети Николе 1, Кичево 12, Ресен 5, Неготино 9.

Починати се 9 лица, тројца пациенти од Скопје (88,71 и 77г), еден од Битола (73г), тројца од Струмица (71, 76 и 66г), еден од Кичево (86г) и еден пациент од Ресен (72г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 572 оздравени пациенти од: Скопје 162, Куманово 30, Дебар 1, Штип 20, Прилеп 59, Тетово 14, Струга 36, Велес 30, Битола 26, Охрид 27, Кавадарци 17, Гостивар 15, Гевгелија 20, Струмица 18, Крива Паланка 15, Радовиш 14, Кочани 11, Пробиштип 4, Демир Хисар 1, Македонски Брод 6, Валандово 6, Виница 2, Кратово 1, Свети Николе 3, Кичево 5, Ресен 6, Неготино 23.

Досега во земјата се направени вкупно 407.539 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84709, бројката на оздравени пациенти е 64104, на починати е 2559, а бројот на активни случаи изнесува 18046.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари