Легендарните глумци Драган Бјелогрлиќ, Мима Караџиќ, Весна Тривалиќ, Бранка Катиќ, Гордан Кичиќ и Зоран Кесиќ приредија спектакл на Mozzart јутјуб каналот во Србија. Претставата има хуманитарен карактер, па со секое шерување на видеото, се зголемува фондот за помош на драмските уметници.

Сокол го повикува орел преку zoom и порачува: смеењето, добрата енергија и солидарноста е тоа што на сите ни е потребно во екот на пандемијата. Колективен имунитет на кризата се стекнува со заедништво, поддршка, и – со гледање на досега невидениот „Балкански шпион“! Оваа модерна верзија е возбудлива и смешна како авантурата на браќата Чворовиќ од драмата на Душко Ковачевиќ, а ќе биде достапна на Mozzart Србија јутјуб каналот до 9 јануaри до 20 часот. Дополнително, оваа претстава има хуманитарен карактер, па со секое шерување на видеото до 8 јануари до 20 часот, се зголемува фондот за помош на драмските уметници.

Можеби не ги добивте тие што ги посакувавте, но ги добивте тие кои што ги баравте: Драган Бјелогрлиќ во улога на Илија Чворовиќ и Мима Караџиќ во улога на Џура. Весна Тривалиќ ја игра Даница, Бранка Катиќ како ќерката Соња, а Гордан Кичиќ го глуми ликот на Петар Марков.

https://www.youtube.com/watch?v=R1GXoNDAwpE

Зоран Кесиќ како наратор го комплетираше спектаклот „Глумците и Mozzart за вас и глумците“ организиран од Mozzart Србија. Глумците се откажаа од хонорарот со цел да се зголеми уште повеќе износот наменет за донација на драмските уметници во Србија.

„Да имате можност да помогнете на некој загрозен, да му подадете рака, да го дарувате, да се грижите за него, особено во овие тешки времиња, е најубавиот начин да ја започнете годината во која ќе ни треба многу солидарност. Ова е преубаво искуство и прекрасна акција, која се надевам ќе стане и традиционална. Среќен Божиќ.“ – порача Драган Бјелогрлиќ.

Хуманитарната претстава е најубавата празнична честитка до драмските уметници, но и до луѓето кои со многу поголем оптимизам и насмевки се обидуваат да зачекорат во годината. Во оваа посовремена верзија на ремек-делото на Ковачевиќ, соколот и орелот започнуваат важна мисија преку Zoom, а учествуваат легендите кои ја обележаа југословенската кинематографија.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари