Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип 1, Прилеп 4, Тетово 10, Велес 3, Охрид 4, Кавадарци 8, Гостивар 3, Крива Паланка 1, Радовиш 1, Кочани 2, Кичево 1.

Починати се 11 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 72 и 67г), еден од Тетово (68г), еден од Гостивар (78г), еден од Крива Паланка (84г), еден пациент од Кочани (41г), еден од Демир Хисар (72г), еден од Македонски Брод (78г) и двајца пациенти од Делчево (80 и 60г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 551 оздравени пациенти од: Скопје 314, Куманово 10, Штип 14, Прилеп 27, Тетово 16, Струга 8, Велес 16, Битола 26, Охрид 16, Кавадарци 13, Гостивар 13, Гевгелија 12, Струмица 12, Крива Паланка 3, Крушево 11, Кочани 9, Пробиштип 1, Демир Хисар 2,Македонски Брод 2, Пехчево 3, Берово 3, Валандово 3, Делчево 1, Свети Николе 1, Кичево 5, Ресен 7,  Неготино 3,

Досега во земјата се направени вкупно 411.804 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85594, бројката на оздравени пациенти е 66760, на починати е 2592, а бројот на активни случаи изнесува 16242.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари