Судено било народните пари да се трошат за лудории посебно на „ноќните птици“ кои никој не може да ги сопре во нивните намери.

Неодамна реновираното детско игралиште „Бавчалук“ за кое се потрошија пари од граѓаните уште на почетокот изгледа тажно.

Рекреативците кои деновиве го посетија „Бавчалук“ беа згрозени од сликата, оставени остатоци од ноќното палење на огнови, расфрлани празни шишиња од кои се гледа дека некои добро се забавувале, и други остатоци кои наместо да завршат во кантите за отпадоци се нашле онаму каде што не им е местото.

214

За ваквата состојба колку се виновни ноќните птици, толку се виновни и оние кои треба да го одржуваат овој комплекс. Иако оградата веќе со месеци е скината, иако металната врата насила е отстранета сепак при реновирањето на просторот оние што го реновирале комплексот решиле „да се градат куќа, ама од кров“. Ако пред почетокот на реновирањето се претходно било санирано немало да дојде до оваа слика што сега е присутна.

211

Населението кое живее во непосредна близина на комплексот вели дека во ноќните часови овде  влегуваат мотори и возила, се пушта гласна музика и едноставно се лудува до раните утрински часови. Тие често ѕвонеле на дежурниот телефонски број 192 но како тој е префрлен во Штип не се сигурни дали од таму има дојави за да се спречи она што речиси е традиција секоја вечер.

Нели е време да се прекине со реновирањето на детските игралишта а парите од граѓаните да се насочат навистина онаму каде се попотребни, бидејќи се докажа дека на овој народ не му требаат вакви „луксузи“.

С. Ивановски

212

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари