Дождовите кои интензивно паѓаат неколку дена почнаа да ги полнат акумулациите со вода.

Вештачкото езеро „Гратче“ како што сме информирани е на прелив со околу 2 м3/секунда, додека брана „Калиманци“ во моментот има 35.000.000 м3 вода. Ако се знае дека пред дождовите во „Калиманци“ имаше максимум 23.000.000 м3 вода тогаш просечниот доток во минатата недела кој изнесуваше 15 до 20 м3/секунда вода ите како бргу почна да го полни езерото.

Вработените во ВРО „Брегалница“ не се изненадени од ваквиот тек на настаните, напротив имаат мобилни екипи распоредени насекаде за да ја следат будно состојбата.

„Во моментот работиме на чистење на паднати дрва и забентени површини на „Бугарскиот канал“ кај село Чешиново, на протокот на вода кај село Мојанци и на јазот „Масалница“, Засега немаме поголеми проблеми од водостоите на реките и каналите, но по најавите дека дожд ќе имаме и преку целата седмица останува да ја следиме состојбата постојано. Имаме мобилни екипи на терен и  активност со механизацијата на водостопанство. Овие дождови дојдоа во вистински момент, се надеваме дека уште повеќе ќе ја зголемат акумулацијата на вода во вештачките езера и многу ќе ни помогнат да го детализираме планот на сеидба на ориз“ соопшти Дени Митров, Раководител на АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, подружница „Брегалница“ – Кочани.

С. Ивановски

P1920244

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари