Во последните 24 часа се направени 2455 тестирања, а регистрирани се 345 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 129, Куманово 21, Дебар 9, Штип 12, Прилеп 26, Тетово 10, Струга 8, Велес 13, Битола 6,  Охрид 23, Кавадарци 31, Гостивар 1, Гевгелија 7, Струмица 9, Крива Паланка 6, Радовиш 5, Крушево 4, Пробиштип 1, Виница 3, Делчево 2, Кратово 1, Кичево 1, Ресен 3, Неготино 14.

Починати се 8 лица, еден пациент од Струга (69г), двајца од Велес (82 и 57г), еден од Битола (82г), еден од Гостивар (70г), еден од Гевгелија (78г), еден од Струмица (81г) и еден пациент од Валандово (48г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 289 оздравени пациенти од: Скопје 124, Куманово 19, Штип 12, Прилеп 16, Тетово 27, Велес 9, Битола 18, Гостивар 10, Гевгелија 4, Струмица 5, Крива Паланка 6, Радовиш 3, Крушево 1, Кочани 11, Пробиштип 1, Демир Хисар 1, Пехчево 2, Берово 7, Валандово 2, Виница 1, Свети Николе 1, Кичево 6, Ресен 3.

Досега во земјата се направени вкупно 417.212 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86494, бројката на оздравени пациенти е 67453, на починати е 2622, а бројот на активни случаи изнесува 16419.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари