Можеби им стануваме досадни на читателите со ваквите објави, но се додека некогаш најчистиот град во Македонија некои се обидуваат да му наметнат поинаква слика и поинаков епитет ние ќе продолжуваме да ги потсетуваме.

Се знае чија е должноста  за одржување на чистотата во градот.

Приложените фотографии ги направивме денес околу 14 часот, а местото е платото пред „Тутунска банка“, односно пред блокот „А“ во Градскиот Трговски Центар.

341

Сметот во корпите за отпадоци и и деловите од уништен стиропор овде се присутни четврти ден. Е сега дали само се чисти платото кога е сончев ден или и кога врне дожд е нешто што треба да го кажат надлежните во општината.

Колку се виновни тие чија должност е одржување на чистотата во градот и за тоа се платени со пари собрани од граѓаните, виновни се и сопствениците на некои трговски дуќани како и станарите во зградата. Стиропорот сам од себе не се нашол овде, но кој и да го фрлил редно беше за овие четири поминати дена (од петокот) некој да го собере.

Затоа ние и понатаму ќе ги објавуваме ваквите настани без разлика дали некому сме му досадни или не.

С. Ивановски

343

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари