Во последните 24 часа се направени 918 тестирања, а регистрирани се 104 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 53, Куманово 8, Штип 2, Прилеп 13, Тетово 3, Струга 1, Битола 1, Кавадарци 2, Гостивар 1, Гевгелија 1, Крива Паланка 4, Радовиш 1, Крушево 2, Кочани 6, Виница 3, Свети Николе 1, Неготино 2.

Починати се 13 лица, четири пациенти од Скопје (78, 66, 71 и 68г), четири од Прилеп (80, 57, 80 и 50г), еден пациент од Велес (74г), еден од Охрид (67г), еден од Кавадарци (62г), еден од Пробиштип (72г) и еден пациент од Неготино (78г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 539 оздравени пациенти од: Скопје 283, Куманово 18, Штип 3, Прилеп 36, Тетово 7, Струга 31, Велес 7, Битола 17, Охрид 50, Кавадарци 25, Гостивар 9, Гевгелија 6, Струмица 6, Крива Паланка 3, Кочани 10, Пробиштип 2, Берово 4, Валандово 2, Кратово 2, Свети Николе 2, Кичево 5, Неготино 11.

Досега во земјата се направени вкупно 418.130 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86597, бројката на оздравени пациенти е 67992, на починати е 2635, а бројот на активни случаи изнесува 15970.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари