Интензивните врнежи од дожд го покачија водостојот во реките во Кочанско. Полна е браната Гратче, а на прелив истекуваат два метри кубни вода во секунда. Брегалница донесе 9 милиони метри кубни вода во езерото Калиманци, па сега во него има 40 милиони метри кубни вода.

4

Поради високиот водостој и опасноста надојдената вода во речните корита да предизвика штети во дел од кочанските села, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев направи увид на состојбата.

312

„На одредени места Оризарска Река се излева од речното корито, но водата е навлезена само во оризовите полиња, каде што нема штети. Од вчера машини на ЈП Водостопанство интервенираат и ги санираат критичните позиции. Се надевам дека ќе поминеме без проблеми. Кочанска Река засега е под контрола. Вода навлегува на дел од оранжериите во Долни Подлог. И таму наскоро ќе се интервенира со машини, така што сметаме дека состојбата полека но сигурно ќе се нормализира“ соопшти градоначалникот Илијев.

313

Според најавите на надлежните, доколку продолжат врнежите, тие се подготвени да интервенираат со механизација и навреме да спречат излевање на реките и штети од надојдената вода, како на посевите така и на домаќинствата во кочанските полски села.

314

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари