На 11.01.2021 околу 16,30 часот во Кочани од полициски службеници од Полициска станица Кочани од слобода се лишени Е.А.(33) и А.А.(31) двајцата од Кочани, бидејќи по претходно обезбедена судска наредба, при извршен претрес во нивниот дом, пронајдени и одземени се пакувања хероин и пакувања марихуана, предмети и накит за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривични дела „кражба“.

По документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.

ИЗВОР: Дневни билтени на СВР Штип

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари