Заради подобро и навремено информирање на јавноста, Општина Кочани со Одделението за внатрешни работи –Кочани и Подрачното одделение за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани известуваат дека на сила се измените и надополнувањата од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Со измените во Законот, висините на казните се намалуваат, а мандатните постапки и регистрацијата на негативни поени се заменети со прекршочен платен налог.

На сила е најочекуваната промена во законската регулатува во делот за возила кои не се регистрирани, за кои не е продолжен рокот на важноста на сообраќајната дозвола, возила за кои е утврдена техничка неисправност или немаат пропишани регистарски таблици. Полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена. Ако биде утврдена техничка неисправност на возилото која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена.

Со измените во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата се зголемува старосната граница во поглед на важењето на возачката дозвола. Досега возачките важеа до 70-годишна возраст, а отсега натаму ќе може да се вози до 75 години. Новина е трајно губење на возачка дозвола со цел да се санкционираат возачите, кои почесто се јавуваат во улога на сторители на посериозни прекршоци во сообраќајот. При сообраќајни незгоди во најчеста причина со потешки последици се предлага изрекување на санкција – престанок на важење на возачка дозвола од категоријата за која им била изречена прекршочната санкција. Забрана за управување, ако во период од една година од денот на правосилноста на одлуката сториле друг сообраќаен прекршок за кој е предвидена прекршочна.

Новина е законскиот опфат на најновата категорија учесници во сообраќајот, електричен тротинет, којшто може да го управува лице кое навршило 14 години, кое треба да носи заштитен шлем при управувањето и рефлектирачки елек од првиот самрак до целосно разденување. Возачот на електричен тротинет не смее да вози со брзина поголема од 25 километри на час, по велосипедска патека, а не смее да се движи по тротоар, пешачка патека односно друга површина наменета за движење на пешаци со брзина поголема од 6 километри на час. Возачот на електричен тротинет не смее да превезува други лица, да води животни, ниту да се движи во група. Кога се во група, возачите на тротинет се должни да се движат еден зад друг.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари