Сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – М.Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци, кај м.в. „Ајдучки Камен“, е целосно во прекин поради одрон. За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Р2345 Кочани – Виница – Бигла – Делчево. Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Р1304 Кочани – Виница – Берово – Делчево.

Екипите на Ј.П.Македонијапат работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот на овој патен правец.
На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

ИЗВОР: Македонија пат

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари