Со 13 гласови ЗА вечерва за нов Претседател на Судиската организација при ОФС Кочани е избран Драган Јаневски.

На состанокот од поканетите 17 делегати, 13 присуствуваа, тројца го оправдаа своето отсуство.

По првата точка од дневниот ред „Извештај за работењето на Претседателот на Судискиот одбор на ОФС Кочани“ не се дебатираше од причина што досегашниот Претседател Драганчо Димитровски пред почетокот на состанокот поради здравствени причини приложи лекарско уверение и не беше во можност да присуствува.

По втората точка „Избор на Претседател на Судискиот одбор на ОФС Кочани“ за нов Претседател едногласно беше избран Драган Јаневски.

Токму Драган Јаневски, Александар Ангелов, Сашко Ангелов и Богданчо Горгиев како дел од третата точка „Избор на делегати во Собранието на ОФС Кочани“, беа избрани за нови делегати од Судискиот одбор кои ќе партиципираат во Собранието на ОФС Кочани.

Во отсуство на Драганчо Димитровски состанокот го водеше највозрасниот од присутните Сашко Ангелов. Како претставник на ОФС Кочани на состанокот присуствуваше актуелниот секретар Благојчо Лазаров а именуван претставник од УО на ОФС Кочани беше Ванчо Митев.

Инаку Драган Јаневски е долгогодишен фудбалски судија кои и моментно ја дели фудбалската правда меѓу третолигашите.

С. Ивановски

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари