На 12.01.2021 во 21.40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода С.А.(39) од Кочани затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

ИЗВОР: Дневни билтени на СВР Штип

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари