Во последните 24 часа се направени 2543 тестирања, а регистрирани се 477 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 221, Куманово 27, Дебар 1, Штип 13, Прилеп 24, Тетово 12, Струга 3, Велес 7, Битола 15, Охрид 17, Кавадарци 20, Гостивар 18, Гевгелија 5, Струмица 20, Крива Паланка 6, Радовиш 6, Крушево 5, Кочани 4, Пробиштип 3, Македонски Брод 2, Пехчево 3, Берово 7, Валандово 2, Виница 4, Делчево 8, Кратово 2, Свети Николе 3, Кичево 7, Ресен 10, Неготино 2.

Починати се 10 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 47 и 83г), еден од Прилеп (77г), еден од Тетово (50г), еден од Струмица (88г), еден од Битола (61г), еден од Гостивар (80г), еден од Гевгелија (60г) и еден пациент од Пробиштип (66г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 331 оздравени пациенти од: Скопје 126, Куманово 23, Дебар 8, Штип 1, Прилеп 21, Тетово 14, Струга 18, Велес 9, Битола 15, Охрид 21, Кавадарци 16, Гостивар 3, Гевгелија 4, Струмица 7, Крива Паланка 14, Радовиш 3, Крушево 2, Кочани 5, Пробиштип 1, Валандово 2, Виница 2, Кратово 2, Свети Николе 1, Кичево 1, Ресен 3, Неготино 9.

Досега во земјата се направени вкупно 423.696 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87590, бројката на оздравени пациенти е 68695, на починати е 2657, а бројот на активни случаи изнесува 16238.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари