Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против правно лице од с.Долно Градче, кочанско и против В.В.(36) од Кочани, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 03.01.2021 полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект на правното лице во с.Долно Градче и било констатирано дека работи по дозволеното време и во него биле затекнати 11 лица.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари