Деновиве се постави метална ограда на платото од кејот на „Кочанска Река“ во непосредна близина на ДК „Бели Мугри“ од Кочани.

Како ова е едно од најфреквентните места покрај кејот каде често минуваат и си играат и мали дечиња, со години беше едно од најопасните места.

Но тоа е веќе минато. Општина Кочани во соработка со КЈП „Водовод“ од Кочани изнајдоа решение како да се заштитат најмалите минувачи.

Оградата е во жолто црвена боја исто како и мостовите на „Кочанска Река“

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари