Во Сабота, со почеток во 19:00 ч. во изложбените салони на Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани ќе биде поставена изложба на слики изработени на Ликовната колонија „Свети Пантелејмон“ од 2012-2015 година.

Колонијата започна да се организира во 2012 година, кога Кочани беше Град на културата, а се реализира веќе четири години на различни локации во Кочанско, пред сѐ со млади таленти, ученици од сите краеви на нашата држава и со учесници од странство.

Според Александра Димитрова, ментор на колонијата, изложените дела ќе покажат дека  Кочани е место богато со мотиви за уметничко творештво, кои се овековечуваат на платната на уметниците.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари