Во Недела со почеток во 15:30 часот се играат натпреварите од 5-тото  коло во Третата Фудбалска Лига – Исток. „Осогово“ кое е на вратата од испаѓање од лигата му гостува на лидерот на табелата „Плачковица“ од Радовиш која во изминатите четири кола има забележано исто толку победи и фантастична гол-разлика од 16:0. На играчите на „Осогово“ е да покажат како ќе се носат со далеку посилните екипи, бидејќи со оние со кои се на исто рамниште досега ама баш ништо не покажаа.

На останатите терени се среќаваат:

„Слога 1934“ – „Брегалница Голак“

„Каменица Саса“ – „Овче Поле“

„Баби“ – „Карбинци“

„Беласица“ – „Работник“

„Академија Пандев“ – „Напредок Здравје“.

Сепак љубителите на фудбалот во „градот на оризот“ ќе имаат можност да проследат еден интересен фудбалски натпревар. Во рамките на 8-то коло од Првата Фудбалска Лига на стадионот „Никола Мантов“ во Недела со почеток во 15:30 часот се игра натпреварот: „Брегалница“ – „Турново“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари