Во четвртокот на порталот Кочани www.kocani.gov.mk во 17:50 часот беше поставена вест за уништени четири од монтираните нови лед светилки од страна на несовесни поединци или неодговорни млади со што била направена штета од 400 Евра. Веста која е поставена преку https//www.facebook.com/kocani.gov.mk ја пренесуваме во целост: „Искршени новите лед светилки
Несовесни поединци или пак неодговорни младии ги оштетуваат новите лед светилки вредни над 850 илјади евра со кој градот Кочани доби повеќекратно, поквалитетно и поекономично осветлување. 
Сеуште ненаместени сите лед светла некој мавајќи најверојатно со камења веќе уништил најмалку 4 од монтираните светла со тоа направил штета од околу 400 евра, освен тоа на тие места сега улиците се во мрак, а минувачите имаат проблем со минувањето“.

Веста е помалку чудна бидејќи доаѓа само неколку месеци откако Општина Кочани склучи договор со белградската фабрика „Минел Шредер“ за замена на старите светилки со нови 3.125 лед светилки за што општината ќе треба да плати 52.510.000,00 денари, или по 16.803,20 денари.

Цената за една светилка според договорот е нешто повеќе од 300 Евра а како што пишува споменатиот портал за четирите уништени светилки е направена штета од околу 400 Евра, што значи дека според нив една светилка чини 100 Евра.

На која вистина сега треба да и веруваат граѓаните?

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари