Вчера (Понеделник) беше одржана кратка работна средба помеѓу претставници на Извидничкиот Одред „Ластовица“ од Кочани и Одборот за здрав живот во Кочани.
На средбата беше дискутирано за повеќе горливи теми кои го намалуваат квалитетот на условите за живот во Кочани. Оттука се наметна и фактот дека и двата субјекти имаат ист делокруг на работа, а тоа е заштита на животната средина и едукација на населението со што еколошката свест би се кренала на повисоко ниво.
Како резултат на заклучоците беше потпишан и меморандум за соработка, со што кочанските извидници се приклучуваат кон останатите здруженија на граѓани кои се дел од овој Одбор.
Истовремено, беа разгледани некои можности како би можело да се омасови иницијативата со што би се зголемила и ефикасноста од активностите.
Инаку, пред само три дена ИО„Ластовица“ од Кочани имаше работна средба и со Еколошкото друштво „Бадаријана“ од Скопје. И со екологисите од Скопје беше постигнат ист договор за соработка на полето за заштита на животната средина.
ИО „Ластовица“ – Кочани
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.