Во првиот натпревар од годинешното првенство во Првата Македонска Пингпонгарска Лига, пингпонгарите на „Кочани“ ја забележаа првата победа. Тие како домаќини убедливо ја совладаа екипата на „Дебар Маало“ со високи 5:0.

Сашко Тодосиев, Славе Ефремов и Ѓорѓи Христов беа супериорни во натпреварите со своите противници и заслужено дојдоа до првите бодови во првенството. Резервен играч во составот на кочанчани беше Зоран Христов.

Во второто коло екипата на ППК „Кочани“ повторно ќе игра пред своите гледачи а противник ќе и биде екипата на „Ѓорче Петров“. Натпреварите се играат во салата на ОУ „Малина Попиванова“.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари