СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани доби нов грант од 60 000 денари преку проектот „Меѓуетничка интеграција“ имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование, преку програмата за Меѓуетничка интеграција во образованието. Во соработка со партнерското училиште „Неготино “ од село Неготино , Општина Врапчиште, планирано е да се спроведат  работилници на теми за  промовирање на мултикултурна и меѓуетничка интеграција помеѓу средношколците од двете партнерски училишта.

630

СОУ „Љупчо Сантов“ реализираше  бројни активности во рамките на проектот мултиетничка интеграција заедно со партнерското училиште „Неготино“, од село Неготино, Општина Врапчиште. Заради успешното реализирање на овие активности  училиштето доби поддршка за реализирање на нови вон наставни активности. Поддршката е од финансиски аспект за обука  на наставници и ученици за реализирање на заеднички мултиетнички работилници“, рече Катерина Димитрова, дефектолог во СОУ „Љупчо Сантов“.

Ова училиште неодамна  аплицираше и доби грант од 30 000 денари преку истиот проект.  Целта на проектот е да се овозможи позитивна интеракција помеѓу младите од различна етичка припадност на ниво на училиште и на заедница.

631

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари