Во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани и ОУ „Никола Карев“ денес на достоинствен начин беше одбележан 21-ви Февруари „Меѓународниот ден на мајчиниот јазик“.

УНЕСКО за прв пат празнувањето на мајчиниот јазик го воведе во 1999 година за да една година подоцна се промовира како ден на лингвистичката и културната разновидност и мултилингвизмот.

DSCN0112

„Денеска подаруваме книги на македонски јазик на граѓаните на општина Кочани, како и бележници за книги во чест на одбележување на 21 Февруари, Денот на мајчиниот јазик. На дрворедот покрај кејот на Кочанска река ќе бидат поставени мисли и цитати од познати интелектуалци од Македонија и светот, коишто се поврзани со негувањето и промоција на мајчиниот јазик. ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани во соработка со основното училиште „Никола Карев“ – Кочани се приклучи во оваа активност за одбележување на Денот на мајчиниот јазик. Од ООУ „Никола Карев“ учествуваат ученици од VII-2  одделение и тоа, Илијана Јорданова, Ива Јованова, Ненад Ефтимов и Ненад Ангелов, заедно со менторот наставник по македонски јазик, м-р Љупка Стојменова“, истакна Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, библиотекар во „Искра“.

DSCN0136

По тој повод на штандот поставен на кејот на „Кочанска река“ ученици од ОУ „Никола Карев“ на минувачите им подаруваа книги од познати македонски автори.

DSCN0140

Идејата „Меѓународниот ден на мајчиниот јазик“ да се одбележи на отворен простор се покажа како полн погодок.

С. Ивановски

DSCN0144

DSCN0134

DSCN0138

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари