Власта насилно и нетранспарентно го туркаше законот за попис, злоупотребувајќи европско знаменце. И во онака скратената собраниска постапка, владеачкото мнозинство ги одби сите 40 амандмани кои ВМРО-ДПМНЕ конструктивно ги предложи да го подобори законскиот текст. Како резултат на ваквиот насилен процес добивме закон кој не гарантира статистичка туку политичка операција.

Самиот факт што за релевантноста на резултатите потребен е врзан потпис на директорот и заменик-директорот на ДЗС доволно покажува дека се работи за политички пазар на партиите од власта, што не гарантира реални податоци, туку фалсификат.

Партиите од власта веќе почнаа да лицитираат со бројки, проценти и резултати што само ја руши и онака малата веродостојност на процесот, имајќи предвид дека власта на Заев многу пати досега покажала дека е склона кон фалсификати и злоупотреби на големите изборни процеси. Да потсетиме само на рекордното гласање во неколку секунди или стопроцентаната излезност во некои изборми места.

На пописот по стандарди на Заев се предвидува да се попишуваат лица нерезиденти кои се иселени од Македонија, спротивно на сите стандарди за попис на постојни жители. Патем попишувањето може да се врши со обично диктирање на матични броеви, без приложувања на документи и дополнително таквите информации да ги дава лице кое добро ги познава другите лица за кои ќе соопштува податоци. Ваков попис никаде не е виден, целосно спротивен на стандардите на Еуростат.

1055

Владејачкото мнозинство да го повлече Законот за попис од собраниската дебата и да организира внатрепартиска и внатредржавна дебата на целата територија на државата. Да ги обедини сите политички чинители, сите општествени фактори, за да се дојде до консензуално решение, како треба да изгледа оваа статистичка операција на попис. Попис е потребно да има, но тоа е потребно да биде статистичка операција, а не политичка операција каква што се подготвува од страна на владејачкото мнозинство.

Попис е потребно да има, за да може благовремено, навремено да се планира развојот на економијата, образованието, здравството, земјоделието итн. Затоа што не е сеедно да се пресметува БДП од 11 милијарди евра на политички консензуален договор на население од два милиони жители и резидентно реално население од 1.5, 1.6, 1.7 милиони жители. Затоа што тоа директно влијае врз кредитниот рејтинг на државата, а кредитниот рејтинг на државата директно удира по џебот на граѓаните, бидејќи задолжувањето кое што понатаму граѓаните полнејќи го буџетот го враќаат може да биде значително поголемо доколку статистичката операција попис е практично политичка операција каква што планира да спроведе владејачкото мнозинство.

106

Попис треба да има пролетта во 2022 година, во март или април. До тогаш ќе имаме фингер принт терминали кои веќе ќе бидат искористени на локалните избори. Доколку сега сакаат, имаат можност да направат електронски попис со точност од 5 отсто, односно да попишат 95 отсто од населението, а само 5 отсто да го посетат. Со ова ќе се овозможи да не се загрозува здравјето на граѓаните, да има одложување на пописот или, пак, електронски попис, како и дека треба време за да обучат и попишувачите“.не се направени неопходните подготовки во поглед на формирани обучувачки и пописни тимови и заклучи дека таа постапка е неможно правилно да се изврши имајќи ги предвид пандемиските услови и мерките за заштита на здравјето.

Сведоци сме дека голем број на држави во регионот,Бугарија, Србија, Хрватска, но и Романија и Германија, водејќи сметка и грижејќи се за здравјето на граѓаните, одлучија да го одложат пописот за наесен или за напролет следната година. Бидејќи кај нас пописот е невозможно да се случи есента 2021 година поради локалните избори и кампањата која што тогаш ќе се случува, апелираме до владата на разум, апелираме до собранието на разум да се грижат за здравјето на граѓаните и да го одложат пописот за пролета 2022 година.

Преку комплетно електронски попис ќе се избегне недовербата во резултатите и ќе се избегне двојниот потпис во Заводот за статистика.

101

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари